Продолжен рокот за аплицирање на ИПАРД

Bez autora
Aug 11 2013

Со цел да им излезе во пресрет на потенцијалните корисници на парите од ИПАРД програмата, Платежната агенција го продолжи рокот за аплицирање до 30 септември. Како што информираат од Платежната агенција ваквата одлука е донесена за подготовка на поквалитетни апликации, од страна на идните корисници, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013. Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Продолжен рокот за аплицирање на ИПАРДСо цел да им излезе во пресрет на потенцијалните корисници на парите од ИПАРД програмата, Платежната агенција го продолжи рокот за аплицирање до 30 септември.

Како што информираат од Платежната агенција ваквата одлука е донесена за подготовка на поквалитетни апликации, од страна на идните корисници, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013.

Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik